Еврокомесарот Московичи ја поздрави фискалната транспарентност
На средбата, како што информираат од Министерството за финасии, еврокомесарот Московичи ги поздрави реформите во насока на зголемување на фискалната транспарентност.
"Тевдовски ја потенцираше посветеноста на реализација на стратегијата за управување со јавните финансии. Стратегијата која за беше презентирана во септември е прва сеопфатна рамка донесена од Владата за управување со јавните финансии во државата. Европската унија ги поздрави и поддржа мерките во стратегијата и е партнер на Македонија во нејзиното спроведување, соопшти Министерството за финасии.
Ова е прва средба на македонски министер за финансии со еврокомесар за економски и финансиски прашања