Трамп: Самитот со Ким Џонг Ун се уште е можен на 12 јуни
Претходно, Трамп ја откажа историската средба со севернокорејскиот лидер со образложение дека Пјонгјанг имал „огромен бес и отворено непријателство“.
Сепак, Трамп изрази уверување дека Ким ќе сака да го направи она што е исправно
Претходно денеска, заменик шефот на севернокорејската дипломатија Ким Кие Гван, одговорарајќи на писмото што Трамп му го испрати на Ким, наведе дека Пјонгјанг останува отворен за решавање на сите прашања со Вашингтон во секое време и на секаков начин.