Бугарски навивачи бараат премин на нивниот клуб во македонската лига
„Почитувани лидери на македонскиот фудбал, ние навивачи на Пирин Благоевград, ве повикуваме да го прифатите Пирин во македонското фудбалско првенство од следната сезона“, напишаа навивачите на Пирин во писмото до Фудбалската федерација на Македонија.
Пирин и навивачите на клубот се жалеја неколу пати на неправеден третман од Бугарскиот фудбалски сојуз и судиите во текот на сезоната. Клубот Пирин и Федерацијата не беа достапни за коментар, јавува Ројтерс.