Меркел: Германија и Кина поддржуваат слободна трговија
„Кина и Германија напредуваат во промоцијата на мултилатерализмот и поддршката на слободната трговија,“ изјави Меркел по состанокот со кинескиот премиер Ли Кечанг, кој пак изјави дека и Германија и Кина се соочуваат со неколку предизвици во економскиот развој и дека тоа може да биде решено со заедничка соработка.
Дводневната посета на германската канцеларка доаѓа откако минатата недела САД и Кина постигнаа договор за да избегнат трговска војна, непосредно пред воведување на казнените тарифи за кинеските производи во САД, јавува Франс-прес.