Руска ракета го урнала авионот МХ17 кога загинаа 295 патници, тврди истрагата
„По внимателна анализа на видео снимките утврдено е дека ракетата „Бук“ со која беше урнат авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот МХ17 и припаѓала на руска воена единица стационирана во Русија“, изјави претставникот на холандската полиција Вилберт Паулисен.
Според него, ракетата била дел од вооружувањето на руската 53-та Противвоздушна ракетна бригада стационирана во близина на градот Курск.
На денешната презентација на прелиминарниот извештај на истражниот тим беше емитуван и филм, на кој според истражителите, е прикажан патот на ракетата од Курск до источна Украина.