ЕУ не го казни „Газпром“, ама ќе го држи на око
Европската комесарка за конкуренција Маргрет Вестагер изјави дека е постигнат договор со „Газпром“, кој треба да ја натера руската компанија да ги почитува правилата за конкурентност на Европската Унија.
Европската комисија од 2011 ги разгледува сомнежите за злоупотреба на доминантната позиција од страна на „Газпром“ во осум земји членки на ЕУ од Источна Европа - Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Унгарија и Чешка, објави МИА.
„Со постигнатиот договор, руската компанија ќе мора да го смени начинот на кој преговара за цените на гасот со овие земји и со тоа да овозможи создавање на покомпетитивен пазар“, најави Вестагер.