Кина сака со стретешки инвестиции да влезе во Западен Балкан
„Лично бугарскиот премиер Бојко Борисов е ангажиран за привлекување на финансии за овие проекти на Балканот. Ние сме мост меѓу Европа и Азија. Верувам дека на средбата во рамки на иницијативата „16 плус 1“ што ќе се одржи во Софија во јули, ќе помогнеме многу за развојот на регионот на кој му се неопходни модерни патишта, железнички пруги,далноводи и гасоводи“, изјави Захариева.