Заев и Мицкоски утре на лидерски ТВ дуел, прв по повеќе од 20 години
ТВ дуелот во минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, Заев прифати, а за организатор беа пријавени три телевизии.
Заев и Мицкоски во ТВ дуелот, под работен наслов „Една година власт, една година опозиција“, ќе се соочат за повеќе актуелни теми - од преговорите за името, надворешната и внатрешната политика, економијата, реформите, долговите...