Пекинг и Вашингтон се договориле да избегнат трговска војна
Претходно Вашингтон и Пекинг во заедничкото соопштение, објавија дека Пекинг се согласил значително да ги зголеми своите купувања на американски стоки и услуги. Сепак, во заедничката изјава на крајот од трговските разговори во Вашингтон не беше наведено дали двете земји ќе ги одложат или ќе ги намалат царините .
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе наметне царини за кинеските стоки во вредност од околу 150 милијарди долари, како одговор на "неправедните трговски практики на Пекинг".