За Мицотакис предлогот Илинденска Македонија е неприфатлив
Како што јавува МИА од Атина, за Нова демократија, конкретното име не е прифатливо, затоа што било поврзано со создавање на македонска држава и нација што го вклучува и Солун.
"Ова име историски и директно се поврзува со стремежот за создавање „македонска“ нација и држава што го вклучува Солун и се протега до Егејското море. Било какво споменување на Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот на Скопје, туку напротив го потврдува и го зајакнува. Затоа е неприфатливо дури и да се поставува како тема за дискусија", пишува во соопштението од грчката опозициска партија