Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Лидерска средба за името

 Во Клубот на пратениците во Скопје денеска треба да се одржи лидерска средба на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. 


"Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, на претседателот на Собранието. Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста" рече Заев, вчера најавувајќи ја лидерската средба.


Присуството на средбата го потврди македонскиот претседател Ѓорге Иванов, од чиј кабинет вчера соопштија дека тој на средбата очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името.


И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во изјава за медиумите потврди дека ќе учествува на средбата и истакна оти ставот по однос на евентуален договор партијата ќе го каже по нејзиното завршување, откако ќе ги има сите информации.


Oд кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас најавија дека во претседателската палата во Атина тој ќе го извести претседателот Прокопис Павлопулос за текот на преговорите околу името.


Изминатите два дена во одредени медиуми се појави информацијата дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“.


Од кабинетот на Ципрас, соопштија дека ако нема ерга омнес и уставна ревизија, дискусијата за било какво име е празна содржина.


 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus