Времето денеска: Променливо облачно со локален дожд
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, дневната од 16 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје слично време со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
В недела ќе преовладува стабилно и суво време, освен во крајните јужни делови. Од понеделник во попладневните часови повторно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи