Ципрас: Сè уште не сме во позиција да говориме за договор
„Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Сè уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори, со цел ако е можно повторно да се сретнеме на почетокот на следниот месец“, рече Ципрас.
Грчкиот премиер откри дека вчера доцна вечерта до речиси раните утрински часови разговарал со неговиот македонски колега во пријателска и опуштена клима, пренесува МИА од Атина.