Меркел и Меј се залагаат за стабилен и безбеден Западен Балкан
Британската премиерка Тереза Меј на самитот истакна дека ќе ги разгледаат начините како можат да работат заедно за да се обезбеди поголема стабилност и просперитет за Западен Балкан. Таа изрази задоволство што нејзината земја ќе биде домаќин на петтата од годишните средби на врвот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во јули.