Борисов: Што е можно побрзо да се реши спорот за името
“Се надеваме дека конечно ќе се реши спорот со името на Македонија. Тоа е ваша работа. Ние само се надеваме, немојте да помислите дека ви солиме памет,” рече Борисов на конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: создавање на регион на раст, безбедност и поврзаност на патот кон Европа, која се одржа еден ден пред утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан.