Ангеловска – Бежоска нов предлог за гувернер на НБРМ
Новиот предлог на Иванов следи откако денеска добил писмено известување од Димитар Богов дека се повлекува од кандидатурата за гувернер на НБРМ. Претседателот на Република Македонија новиот предлог го доставил денеска до Собранието на Република Македонија. Претседателот Иванов смета дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.