Туск: Ќе ја потврдиме европската перспектива на Западен Балкан
„Тоа ќе биде можност да го потврдиме ставот дека европската перспектива на Западниот Балкан е геостратешки избор. Сакаме да покажеме дека се грижиме за општествено-економскиот развој на регионот. Инвестирањето вп инфраструктурата и поврзаноста со и внатре во западниот Балкан е во најдобар интерес на ЕУ. Се надевам дека уште повеќе ќе ја приближиме Европската Унија кон нашите балкански пријатели,“ пишува во соопштението од Туск.