Германија останува посветена на нуклеарниот договор со Иран
Меркел пред германскиот Парламент порача дека иако договорот не е идеален сепак не е во ред тој да биде прекинат во сегашната ситуација. Таа истакна дека и покрај несогласувањата меѓу Вашингтон и европските сојузници околу договорот, трансатлантските односи се и ќе бидат од огромно значење.