Пред Центарот за современа уметност, во комплексот музеи на солунското пристаниште, во рамките на фестивалот „SKG Bridges“, од 9 до 13 мај, беше поставена инсталацијата „Зад аголот“ на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Станува збор за интервенции со „сообраќајни знаци“ што е продолжување на неговата уметничката пракса во јавен простор развивана во последниве неколку години.