Заев: На средбата со Ципрас ќе разговараме за досега договореното
„Целта е да направиме еден рекапитулар на тоа што досега е разговарано, да го потврдиме и да знаеме дека сме го завршиле, а истовремено да дадеме и насоки и на министрите. Времето е кратко и се појавуваат информации дека се ќе се реши на 17 мај, но не е така, бидејќи суштински е делот што е останат за разговори“, вели Заев.
Премиерот Заев дополни дека средбата со Ципрас е на маргините на самитот на ЕУ во Софија
„Таму ќе бидат сите премиери на ЕУ, а и на Западен Балкан како земји кандидати за членство во ЕУ. Јас се уште немам точен термин кога ќе биде средбата, но знам дека грчката страна потврди дека на маргините ќе најдеме време да се видиме” изјави Заев.