БПЦ нема да учествува на годишнината од Охридската архиепископија
Ова го одлучи Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница, по поканата од поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија.
Против учеството на одбележувањето во Охрид, на седницата гласале осуммина владици, а за биле петмина.
Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде одбележан со црковно-државни свечености на 27 и 28 мај во Охрид.