Најмалку 40 Палестинци убиени од израелската војска
Исламистичкото движење Хамас кое владее со Газа од 2007 година ги предводи масовните протести во последните шест недели кои имаат за цел да се стави крај на блокирањето на територијата од Израел, кое се одвива повеќе од една деценија.
Масовните протести, исто така, беа насочени против денешното преселување на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим. Највисоки официјални претставници на САД, вклучувајќи ја и ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп, присуствуваа на настанот. Во снимената порака на церемонијата, претседателот Трамп изјави дека останува посветен на мирот меѓу Израел и Палестинците. Трамп најави претходно оваа година дека САД го признаа поделениот Ерусалим како главен град на Израел, предизвикувајќи задоволство во Израел и негодување од Палестинците.