Орбан реизбран за премиер на Унгарија
ФИДЕС на изборите од минатиот месец освои 133 од 199 места во парламентот, што му овозможува на Орбан да изврши промени во Уставот. За време на седницата пред парламентот се одржуваше протест против владеењето на Орбан, кое демонстрантите го нарекуваа авторитарно.