Министерот Димитров се сретна со Јоргос Папандреу
Инспиративна средба со Папандреу за иднината на нашите две земји кои имаат историска можност во блиска иднина да станат сојузници. Историјата е важна. Но ние можеме да ја промениме само иднината, напиша на својот Твитер профил по средбата министерот Димитров.
Тој во Сунио, на покана на неговиот грчки колега Никос Коѕијас, учествува на Вториот состанок на министрите за надворешни работи на балканските земји и Вишеградската група.