Пендаровски: Без покана за НАТО предизвик ќе биде економскиот развој
Тој на дебатата „Предизвиците на Македонија пред Самитот на НАТО во 2018“ истакна дека е важно фокусирањето врз економскиот развој, особено странските инвестиции, кои полесно доаѓаат во земји кои се дел од еден широк и стабилен безбедносен режим.
Шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, Горан Бартол посочи дека многу е охрабрувачки тоа што гледаат поголема динамика во евроатлантската интеграција на земјата. Според него, Македонија постигнала голем напредок, но има уште многу што да се направи. Тој посочи дека вратата на НАТО е отворена за Македонија.