Трамп ги пречека ослободените затвореници од Северна Кореја
Тој притоа порача дека верува оти Ким Џонг Ун сака да постигне договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обезбеди ослободувањето на американските државјани за време на вчерашната посета на Пјонгјанг каде се договараа крајните планови за самитот на Трамп и Ким Џонг Ун.