Спасовски: Не е спорно Шаќири да биде советник за безбедност
„Не гледам причина зошто да не го оценуваме позитивно секое приклучување на луѓе кои сакаат да работат во Македонија. Јас би бил загрижен доколку има луѓе кои не сакаат да се приклучуваат на институциите на системот, кои излегуваат надвор од институциите и кои не сакаат да бидат дел од безбедносните служби, министерството, владата. Тогаш треба да се загрижиме сите ние, зошто одредени луѓе би ги напуштиле институциите и ако ги напуштат институциите што би правеле“, изјави Спасовски.
Тој не сакаше да даде оценка за тоа колку од сензитивните безбедносни документи ќе му бидат достапни на Џезаир Шаќири Хоџа како советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.
"За тоа што ќе му биде достапно на советникот ќе барате информација од Владата", изјави тој.
Сепак, во својство на висок функционер на СДСМ тој рече дека доколку се погледне подлабоко многу контроверзни имиња ја водат РМ и од 2002 година учествуваат во политичкиот живот во државата.