СДСМ реагира дека Мицкоски неосновано го обвинува Заев
Според СДСМ, во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ имало целосна контрола врз институциите и доколку постоело и најмало сомневање за сторен криминал од страна на Заев и неговото семејство тие веднаш ќе биле процесуирани.
Мицкоски денеска обвини дека премиерот Заев отуѓил државно градежно земјиште во Струмица кое на крајот по повеќе постапки завршило во рацете на неговиот брат Вице Заев.