Во Лепенец пронајдено телото и на вториот косовски полицаец
Телото на полицаецот Малесор Даши (26), беше пронајдено на 3 мај на пет километри од местото на несреќата. Тој беше погребан наредниот ден, во родното село, кај Качаник.
Двајцата полицајци Арменд Трена (23) и Малсор Даши (26), беа од Полициската станица од Качаник. Се водеа како исчезнати откако вечерта на 28 април околу 21 часот, службеното возило од непознати причини излетало од патот во амбис длабок 150 метри и завршило во водите на реката.