Договор во последен момент или нови избори во Италија
Лидерот на Лига, Матео Салвини и лидерот на Движењето пет ѕвезди Луиџи ди Мајо предложија датум за повторни избори по средбата во Парламентот, додека претседателот на Италија, Серџо Матарела одржува последна рунда консултации во обид да издејствува политички договор помеѓу партиите. Претходно, Салвини изјави дека од Матарела побарал мандат за формирање на влада.