ОН: Меѓу убиените во воздушниот напад во Авганистан имало 30 деца
Во извештај на ОН објавен денеска се наведува дека во нападот на 2 април загинале 36 лица, како и дека имало верска церемонија во провинцијата Кундуз, на која присуствувале стотици мажи и момчиња.
Исто така, се наведува дека тогаш биле повредени 71 лице, меѓу кои 51 дете. ОН наведува дека не можат да потврдат дали жртвите биле цивили, ниту дали талибанците биле присутни.