Времето денеска: пороен дожд со можна појава на град
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 17 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.
Во Скопско претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со можна појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.