Невреме на Балканот, загина девојче од гром во Босна
Несреќата се случила вчера вечер, во месноста Отпочиваљка, каде што живеело девојчето, јави весникот Аваз.
Невреме го зафати и турскиот главен град Анкара, при што шест лица беа повредени кога пороен дожд предизвика поплави кои носеа паркирани возила. Десетици куќи и канцеларии беа поплавени од дождот.
Во српскиот главен град Белград денеска 15 минути паѓал град со големина на лешник, а метеролозите очекуваат дека ќе останат високите температури, а бурата и грмотевиците ќе се насочат кон западните делови на Србија