Американски конгресмени со писмо до Столтенберг за влез на Македонија во НАТО
„За една мултикултурна нација каква што е Македонија, веруваме дека пред себе има светла иднина, врз кој основ се стремиме кон ангажирање на владините институции и македонскиот народ во реализација на своите потенцијали. Ние веруваме дека е време за Македонија да се приклучи кон членството на НАТО“, се посочува во писмото.
Тие истакнуваат и дека се охрабрени од надежта на напредокот во разговорите за спорот за името под покровителство на ОН, како и од подготвеноста на македонските и грчките лидери да ги унапредат своите односи.