Мицкоски: Камионите на Вице, братот на Заев, возат за РЕК Битола
“Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, која пак претходно добива огромен бизнис во 4 очи. Од материјалот кој може да се види Фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила на кои како што се гледа од приложениот материјал се со јасна ознака на оваа компанија, но истите возила се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев” изјави Мицкоски.
Тој доплни дека во одреден временски период на почетокот на оваа година обвинителството треба да провери колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име, работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.
„Дали и низ каква постапка компанијата на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев врши услуги чии краен корисник е државна компанија? И зошто неговите камиони се со налепници на друга приватна компанија?Одговорност мора да има.“ рече Мицкоски.