Димитров на четирипартитна средба во Солун
Како што соопшти МНР, на средбата, покрај министрите за надворешни работи ќе учествуваат министри и високи претставници од министерствата за внатрешни работи, како и за транспорт и врски, од четирите земји.
"Се очекува во дискусијата на тркалезната маса министрите за надворешни работи да се осврнат на предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците/мигрантите кон Балканот, и иднината на Европа и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ", посочуваат од МНР.
Во соопштението од МНР не е наведено дали е предвидена билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, на која би станало збор и за спорот за името. Последната средба за изнаоѓање решение за името, двајцата министри ја имаа минатата недела во Виена, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц.