Украинскиот правобранител бара медицинска нега за затвореник во Крим
Људмила Денисова, украинскиот омбудсмано за човековите права денеска рече дека на Балух му е потребен итен медицински преглед и дека неговото здравје се влошува со секој изминат ден.
Балух беше осуден во јануари на три години и седум месеци казна која ја издржува во затворска колонија, каде што осудените лица живеат во близина на индустриски објекти или на фарма во која работат. Тој беше осуден под обвинение за поседување оружје и експлозиви.