Заев: Со снимката за „Поткуп“ се докажа намерата за мое оцрнување
„Со целосното гледање на снимките се гледа намерните два прекина на снимите, заради би рекол зла намера апсолутно да се оцрни моето лице. Кога се зборува за парите, се зборува за железо, за цемент, за тули, комплетно за организација за црквата. Мене ми е драго што судот овие комплетни докази ќе ги има во предвид и сум убеден дека предметот веќе ќе финишира “, рече Заев.
Тој порача дека му е драго оти со судскиот процес се разобличил целиот предмет и на сите им е јасно дека се работи за монтиран случај кој ќе заврши со ослободителна пресуда.
Според него, сведокот Иван Сачевалиев бил агент-провокатор, бидејќи имало истраги против него и се пазарел со тогашната власт за Заев да биде спречен да ги објави таканаречените бомби. Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев.