Иран го потврди апсењето на професорот со британско и иранско државјанство
Едалат е професор и комјутерски инжењер на Лондоскиот колеџ и поседува британско и иранско државјанство. Еџехи за државниот сервис ИРИБ рече дека го потврдува апсењето поради безбедносни закани и одби да даде повеќе детали.
Иранската агенција Фарс на 26 април јави дека Едалат е осомничен дека е дел од инфилтрирана мрежа поврзана со Британија. Засега непознат број на вклучени во мрежата се приведени. Најмалку тројца други британски државјави се наоѓаат во моментов во притвор во Иран.