Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

МВР вклучена во потрагата по двајцата косовски полицајци

Македонската во координација со косовката полиција трага по двајцата полицајци од Косово кои синоќа со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата. Како што изјавија од МВР за МИА, се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата.


Вкученоста на македонската полиција во потрагата ја потврди и косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши,според кого потрага освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце.


"Ние сме во постојана координација со македонските колеги бидејќи не се отфрла можноста телата на нашите двајца полицајци речната струја да ги однела на македонска страна. Од нивна страна поставени се и неколку препреки, по првиот контакт, за евентуално да не пристигнало нешто. Заедничката акција продолжува", рече Гаши.


Гаши е постојано на терен од синоќа, околу 20:45 часот кога се случи несреќата заедно со други високи косовски фукционери. Во потрагата се вклучени големи полициски сили, противпожарни единици, нуркачки екипи.


Двајцата полицајци се дел од Полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus