Владејачката партија во Ерменија без свој кандидат за премиер
Ерменските пратеници на 1 мај треба да гласаат за тоа кој ќе го замени Серж Саркисијан, кој поднесе оставка од премиерската позиција на 23 април, по масовните протести. До сега има еден кандидат за премиер, опозиционерот Никол Пашинијан, кој беше на чело на антивладините протести.
Портпаролот на владејачката Републиканска партија рече дека одлуката да не номинираат свој кандидат е обид да се избегнат конфронтациите и дестабилизацијата на земјата.