Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Робертсон: Нема начин да влезете во НАТО без консензус

Поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, кој е лидер на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, во интервју за агенцијата МИА вели дека тие сакаат да ја зголемат свеста за тоа што Македонија направила во минатото, за важноста на земјата за регионот, за тоа колку е важно за Балканот како целина Македонија да стане членка на НАТО.


“Сакаме да укажеме на опасноста што му претстои на Балканот, доколку земја која толку многу инвестираше од ’90-те години на минатиот век сега биде игнорирана од регионот како целина”, вели Робертсон.


Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар Јенс Столтенберг кој при посетата на Скопје рече дека не може во НАТО без решен спор со Грција за името, Робертсон вели дека тоа е факт, оти принципот на кој почива НАТО е дека нуту една одлука не се носи без конензус.


На прашањето дали се работи на друг модалитет, на пример добивање покана под привремената референца со можност спорот да се решава понатаму, Робертсон вели дека “нема начин да се влезе во НАТО без да биде постигнат консензус”.


Toj беше десеттиот генерален секретар на НАТО од 1999 до 2004 година, повеќепати ја имаше посетувано Македонија, особено за време на кризата во 2001 година и беше еден од важните меѓународни дипломати кои помогнаа во решавањето на конфликтот и постигнувањето на Охридскиот рамковен договор. Сега вели дека не е можно повторување на настаните од пред 17 години ако Македонија остане надвор од НАТО.


“Зборував со Али Ахмети, но и со претставници на другите политички партии. Не постои можност такво нешто да се случи. Новиот градоначалник на Арачиново е жена, етничка Албанка, која е избрана како кандидат на СДСМ и која го победила кандидатот на албанската партија. Со ова пробивот е направен, ова е прекрасна приказна што ќе ја понесам со себе” вели Робертсон.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus