Заев: Нападот на 27 април не беше против нас туку против демократијата
Ова, меѓудругото, го изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес - конференција во Собранието со претдсетлот на Парламентот Талат Џафери, на годишнината од насилствата на 27 април.
Премиерот рече дека се уште не може да прифати дека некои од оние што влегоа во Собранието тој ден биле подготвени и за ликвидација на некои припадници во Собранието.
Претседателот на Собранието Џафери кажа дека тој може да им прости на сите оние што предизвикаа насилство на 27 април, но дека како прв парламентарец нема да дозволи тоа да се повтори. Тој им се заблагодари на сите оние што им помогнале да се излвечат од таа ситуација на 27 вклучувајќи ги и некои припадници на МВР