Џафери не прецизира кога ќе се објави Законот за јазици во Службен весник
„Не сум оптоварен временски кога ќе го пуштам Законот во Службен весник“, рече Џафери на средба со новинарите.
Според него, Уставот го прекршил претседателот Ѓорге Иванов, кој не го потпиша указот за законот. Џафери тврди дека тој нема да го прекрши Уставот и оти упатувањето на законот за објавување не е кривично дело.