Сè уште трае средбата за името меѓу Димитров и Коѕијас во Виена
Последната средба на Димитров и Коѕијас беше на 12 април во Охрид, а како што соопштија по состанокот, разговарале за првпат за временската рамка и за чекорите, за кои ако се постигне решение, како тоа ќе изгледало и како ќе се имплементирало. Заклучокот тогаш беше дека останале уште неколку спорни, но најтешки точки.