Ердоган најави предизборен митинг во Европа
Минатата година Ердоган се судри со европски функционери околу обидот на неговата партија да одржи собири во европските градови со турска дијаспора, во рамки на кампањата пред референдумот за проширување на претседателските овластувања.
Германија, Холандија и Австрија ги забранија собирите.
Минатата недела Ердоган закажа предвремени парламентарни и претседателски избори за 24 јуни, речиси 18 месеци пред планираното.