Повредени 39 лица во земјотрес во Турција
Поради земјотресот затворени се основните и средните училишта во провинцијата. Турскиот министер за здравство Ахмет Демирчан изјави дека од 39 повредени, 35 се задржани во болница, но нивната состојба не е критична.