Принцот Вилјам и принцезата Кејт добија син
"Би сакале да им се заблагодариме на сите вработени во болницата за грижата и третманот што го добија кралските височества. Исто така, би сакале да им се заблагодариме на сите за нивните топли желби", се вели во пораката на Бакингамската Палата на Твитер.
Кејт и Вилијам имаат уште две деца, принцот Џорџ кој има четири години и принцезата Шарлот која има две години. Бебето, чие име ќе биде објавено подоцна, е шестиот правнук нa кралицата Елизабета II и сега е петтиот наследник по ред на тронот.