Спасовски: МВР отвори широк фронт во борбата против корупцијата
Според него, ако се земат в предвид бројките, дека за 111 проценти е нотирано зголемување на злоупотреба на службената положба и овластување во однос на претходно, тоа значи дека отвориле широк фронт на борба против корупцијата.
Тоа, како што наведува Спасовски, не се однесува само на поранешните структури кои биле дел од власта, туку во изминатите две недели неколку полициски службеници се санкционирани поради нелегални постапки. Таквите чекори, истакна Спасовски се доказ дека МВР е решено да се справува со криминалот и корупцијата.