Ван Ромпуј - Без влез во ЕУ можна е граѓанска војна во поранешна Југославија
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Херман Ван Ромпуј, кој е поранешен премиер на Белгија и претходник на Донал Туск во Европскиот совет, во интервју за француската телевизија беше прашан за отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската комисија да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија.
„Одамна се зборува за „замор“, но, знаете, станува збор за мир на Западниот Балкан. Европската унија е мировен проект и доколку земјите од поранешна Југославија не станат дел од европското семејство, на еден или друг начин, некои како членки, а други преку придружни договори, тогаш граѓанска војна може повторно да избие во тие земји“, одговори Ван Ромпуј.